5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Економското заздравување на еврозоната зема замав

ММФ: Економското заздравување на еврозоната зема замав

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека економското заздравување на еврозоната зема замав, но истовремено предупреди дека некои од високо задолжените земји во регионот може да се соочат со тешкотии кога полабавата монетарна политика ќе биде ограничена, пренесува „Bloomberg“.

„Враќањето на еврозоната се засилува и станува далекусежно“, вели ММФ во изјавата од четвртокот по редовни консултации со 19-члената еврозона. „Има обновен ангажман за завршување на банкарската унија, напредокот во однос на Унијата на пазарите на капитал и создавање на заеднички фискален капацитет“.

Сепак фондот со седиште во Вашингтон предупреди дека „инфлациските очекувања остануваат потиснати, а основната инфлација е на значително пониски нивоа“. Според Фондот земјите кои веќе работат на капацитетот, треба да ја прифатат инфлација над 2% „за подолг временски период“.

По години стимулации преку квантитативно олеснување и негативни каматни стапки на Европската централна банка (ЕЦБ), таа успеа да го стимулира економскиот раст, но засега не успева да постигне одржлива инфлација, која е близу до нејзината цел малку под 2%. Податоците на „Еуростат“ од петок најверојатно ќе потврдат дека растот на потрошувачките цени е забавен до 1,4% од минатиот месец од 1,9%.

Во оценката за еврозоната, ММФ вели дека „некои од високо задолжените земји може да се соочат со зголемени ширини на државниот долг, кога лабавата монетарна политика ќе се затегне“.

ММФ предупредува уште за ризиците од „несигурноста околу глобалната трговија, „Brexit“ и геополитика“, додека во исто време вели дека еврозоната „се соочува со длабоко вкоренети структурни слабости и нерамнотежа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП