3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 2 јули почнува „Бич ран“

Од 2 јули почнува „Бич ран“

Од 2 јули почнува „Бич ран“, серија трки што ќе се одржи на 5 локации покрај вода во Македонија, во Скопје, Преспа, Дојран, Маврово и Охрид, и овој настан ќе трае до 30 јули.

Во трките може да учествува секој што сака да се натпреварува во трчање на 5 км на една, неколку или на сите предвидени трки од серијата.

На секоја од трките ќе бидат наградени најбрзите тројца во машка и во женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрчале трката ќе освојат поени според постигнатото место, кои понатаму ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот на серијата.

Најдобрите тројца во машка и во женска конкуренција во вкупниот пласман на серијата освојуваат награди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП