7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомашната индустрија бележи пад од 7,3%

Домашната индустрија бележи пад од 7,3%

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2017, во однос на април 2016 година, бележи опаѓање од 7.3%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 1.4%, објави Државниот Завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст од 24.7%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.2%.

Според главните индустриски групи, прометот во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.0%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 5.2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП