6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарски компании заинтересирани да учествуваат во проекти во Македонија

Унгарски компании заинтересирани да учествуваат во проекти во Македонија

Унгарски компании се заинтересирани да учествуваат во спроведувањето на различни проекти од областа на инфраструктурата, енергетиката и на туризмот во Македонија.

За ова денеска беше информиран министерот за економија, Крешник Бектеши, на средбата со амбасадорот на Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс.

„Двајцата соговорници изразија задоволство од воспоставувањето директни летови на релација Будимпешта – Скопје – Будимпешта, од страна на нискобуџетната компанија „Виз ер“, што е причина повеќе за брзото зголемување на деловните посети и на туристите во двете земји“, информираат од министерството. Економската соработка меѓу двете земји е во постојан пораст и трговската размена е зголемена двојно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП