9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре на Плоштадот Македонија почнува Баскерфест 2017

Утре на Плоштадот Македонија почнува Баскерфест 2017

Утре, на Плоштадот Македонија во Скопје почнува Баскерфест 2017, фестивалот на улична уметност што ќе трае до 25 јуни. За Баскерфест се најавени артисти од целиот свет, меѓу кои Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хозе Енрикес, како и господин и госпоѓа Бабл и дуото Мајсторот и Маргарита.

„Баскерфест ја пречекува публиката не само со улични артисти и музика во живо туку и со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности, ликовни изложби, базар на ракотворби, работилници, од странски и од домашни артисти. Македонија, организирајќи го Баскерфест во 2006 година, стана прва земја на Балканот со ваков вид фестивал“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на денешниот прес.

Во следните 11 дена ќе бидат поставени три бини каде што ќе се одвива програмата на фестивалот секојдневно, од 19 до 23 часот. И оваа година Град Скопје го поддржа организирањето на овој фестивал на улична уметност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП