29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААД ЕЛЕМ со ревитализација го продолжува животниот век на шест хидроелектрани

АД ЕЛЕМ со ревитализација го продолжува животниот век на шест хидроелектрани

tocka-75029

АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) неодамна ја започна втората фаза од ревитализацијата на хидроелектраните Вруток, Равен, Врбен, Шпилје, Глобочица и Тиквеш во вкупна вредност од 38,3 милиони евра од кои 27,1 милион се обезбедени преку заем од греманската КфВ банка, а 11,2 милиони се сопствени средства на ЕЛЕМ.

Со ревитализацијата се предвидува продолжување на животниот век на електраните и на нивните придружни објекти, зголемување на сигурноста, доверливоста и инсталираната моќност за 18,1 мегавати, како и дополнително годишно производство од околу 50 гигават часови електрична енергија.

Втората фаза од ревитализацијата предвидува замена на застарената и истрошена хидро-механичка, машинска и електро опрема, интервенции во градежниот дел на хидроелектраните и нивните придружни објекти, инсталирање на дополнителна опрема во делот на автоматизација на процесот на производство на електрична енергија и за набљудување на стабилноста и сигурноста на браните.

– Покрај континуираното инвестирање на АД ЕЛЕМ во нови погони за електрична енергија постојано се инвестира и во ревитализација на постојните објекти за производство на електрична енергија. Се наоѓаме пред хидроелектраната „Вруток“ каде во најголем дел се одвиваат инвестициите од втората фаза на ревитализацијата. Реализацијата започна на почетокот на годинава, а ќе заврши во целост кон средината на наредната година, изјави генeралниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски по посетата на ХЕЦ „Вруток“ и ХЕЦ „Равен“.

Со реализацијата на овој зафат, како што посочи, ќе се добијат значителни придобивки  како што се зголемување на производството на електрична енергија, намалување на загубите во производството на електрична енергија и на вода, подигнување на степенот на полезно дејство на електраната, зголемување на снагата.

– Ревитализацијата нема да значи само класично зголемување на производството на електрична енергија, туку ќе го подобри и управувањето на целиот систем и ќе го скрати времето за ремонти активности и за отклонување на евентуалните дефекти. Тоа ќе овозможи да нема застои при ремонтните активности и доколку има некоја хаварија и поголем испад, појасни Бошковски.

Првата фаза од ревитализацијата на шесте хидроелектрани кога се заменети турбините е завршена во периодот од 2001 до 2003 година. Со втората фаза се менуваат четирите генератори на ХЕЦ Вруток, Блок и регулациските трансформатори во Вруток и Равен, топкасти затворачи, аерациони вентили, систем за подмачкување на лежишта, надградба на брана во Леуново,…..Паралелно се работи на ревитализацијата на сите шест хидроелектрани

– По целосното завршување на работите ХЕЦ Вруток ќе произведува допонително количество електрична енергија во вредност од четири до пет милиони евра. Тоа значи дека со истото количество енергија и со истата опрема ќе имаме дополнителни приходни за АД ЕЛЕМ, истакна Бошковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП