12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја подигна проценката за растот на БДП на Кина

ММФ ја подигна проценката за растот на БДП на Кина

Меѓународниот монетарен фонд ММФ ја зголеми проценката за економскиот раст на Кина за тековната година на 6,7 проценти.

Тоа е трет пат оваа година ММФ да ја подобри проценката, откако во април ја зголеми проекцијата на 6,6 проценти од јануарските 6,5 проценти, што исто така беше за 0,3 процентни поени повеќе од претходнaтa проценкa, пренесува агенцијата Ројтерс.

Растот на кинеската економија, како што сега очекува ММФ, ќе изнесува просечни 6,4 проценти годишно во периодот од 2018 до 2020 година, додека во април, оваа меѓународна институција проектираше за 2018 година раст од 6,2 проценти.

ММФ исто така, и препорача на Кина да ги забрза реформите со цел нејзината економија да прејде на одржлив раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП