26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ додели 113 милиони евра за изградба на гасовод во Полска

ЕУ додели 113 милиони евра за изградба на гасовод во Полска

Европската комисија додели 113 милиони евра за изградба на гасоводот Лвувек-Одоланув во Полска, соопшти портпаролот на Европската комисија Александар Винтершајн, цитиран од агенциите.

„Европската комисија одобри од европскиот фонд за регионален развој 113 милиони евра за финансирање на изградбата на гасоводот во Полска со должина од околу 167 километри, а исто така за истовремената гасоразпределената инфраструктура“, соопшти Винтершајн без да успее да го прочита името на гасоводот.

Гасоводот Лвувек-Одоланув во Западна Полска ќе биде дел од енергетскиот коридор „Север-Југ“, кој во иднина ќе ги поврзува терминалот за течен гас на пристаништето Швиноуишче на Балтичкото Море со планираниот гасовод за изградба „балтичка цевка“ со јужна Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и Хрватска. Должината на новиот гасовод е 168 километри, а вкупната вредност на проектот се проценува на 1,036 милијарди злоти (околу 240 милиони евра). Проектот се очекува да биде завршен во првиот квартал на 2019-та година.

Изградбата на овој гасовод е дел од проектот за формирање на слободниот паневропски пазар на гас. Брисел ја спонзорира изградбата во земјите од ЕУ на природен гас и инфраструктура за пренос на гас во сите правци. Унијата смета дека трошоците за изградба на гасна инфраструктура ќе бидат компензирана од појавата на можност за конкурентна директна трговија со гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП