17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработеноста во еврозоната и ЕУ на рекордно ниво

Вработеноста во еврозоната и ЕУ на рекордно ниво

Вработеноста во еврозоната и Европската унија достигна рекордно ниво во првиот овогодишен квартал.

Во ЕУ во периодот јануари-март биле вработени 234,2 милиони луѓе, од кои 154,8 милиони во еврозоната, јавува британскиот јавен сервис BBC повикувајќи се на податоци од европската служба за статистика, Евростат.

Вработеноста во еврозоната и во ЕУ пораснала за по 0,4 процени во однос на последните три месеци од 2016 година, додека на годишно ниво е зголемена за 1,5 проценти во еврозоната, а во ЕУ за 1,4 проценти.

Во Естонија е регистриран најголем раст на вработеноста, а зад неа следат Малта и Шведска.

Најлоши резултати се забележани во Летонија, Романија и Хрватска.

И покрај силните податоци за вработувањето, други податоци укажуваат на забавување на индустриското произвoдство кое во април порасна по стапка од 1,4 проценти во еврозоната и во ЕУ, во однос на растот од 2,2 проценти од март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП