22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПападимитриу: Волфганг Шојбле е нечесен

Пападимитриу: Волфганг Шојбле е нечесен

Во пресрет на средбата на Еврогрупата, Грција повторно го критикуваше отпорот на германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле (ЦДУ), за брзо олеснување на долгот на Атина, пишува националниот дневен весник „Ди цајт“.

Министерот за економија, Димитри Пападимитриу, го обвини германскиот демохристијанин во обид да го спречи постигнувањето договор меѓу Грција и нејзините меѓународни кредитори.

Според грчкиот министер, Шојбле дејствува со оглед на условите околу претстојните избори за федерален парламент во Германија.

„Не сакам да бидам груб, но неговото однесување ми се чини нечесно”, изјави Пападимитриу во интервју за германското издание.

Министрите за финансии на земјите од еврозоната се собираат в четврток во Луксембург за да одлучат дали да бидат доделени дополнителни средства за задолжената Грција. На средбата ќе присуствува и Кристин Лагард, директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Оваа недела премиерот Алексис Ципрас демонстрира решителност да бара решение за проблемот со грчкиот долг на претстојниот самит на лидерите на Европската Унија, ако Атина не добие прифатливо конкретен предлог на средбата на министрите за финансии во Луксембург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП