5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon започнува со продажба на возила во Европа

Amazon започнува со продажба на возила во Европа

Компанијата Amazon ќе се обиде да покрене револуција на пазарот за нови автомобили во Европа, така што ќе лансира дигитален сервис за продажба на истите. Оваа информација доаѓа од неофицијални извори.

Како дел од припремата за лансирање на тој сервис, компанијата Amazon го вработила Кристофер Молер, кој според неговите зборови за Amazon го надгледува OEM (original equipment manufacturer) на европскиот пазар.

Операциите на новиот сервис ќе се вршат од Луксембург и ќе започнат со продажба на автомобили на тлото на Велика Британија.

Во овој момент не е јасно дали Amazon ќе продава нови или половни автомобили, или пак и едните и другите.

Многу важен чекор кон остварувањето на овој план е да им се овозможи на потенцијалните купувачи да ги тестираат своите идни автомобили.

За сега, оваа информација сеуште не е потврдена од страна на компанијата, но минатата година беше најавено дека е склучен договор со компанијата Fiat да се продаваат три нејзини модели во Италија на локалниот сајт на Amazon.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП