Трговскиот ден го одбележаа две блок трансакции. Блок трансакцијата со акцијата на Макошпед АД Скопје се најде на врвот по прометот. Преку неа беа истргувани вкупно 123.390 акции, реализиран промет од околу 22,8 милиони денари и учество од 49,62 отсто во вкупниот промет на денот.
Втората блок трансакција беше во вредност од околу 5,2 милиони денари и истргувани 2.852 акции од Интекс Скопје по цена од 1.862 денари кои акции ја предводеа листата на добитници на денот со раст на вредноста од 19,97 отсто.
На листата на „милионерите” се запишаа и акциите на Нова Стоковна куќа Струмица со промет од 8,7 милиони денари, и акциите на Галеб Охрид, Гранит АД Скопје, Стопанска банка АД, Комерцијална банка АД и Алкалоид АД со промет над 1 милион денари.
Најголем пад на вредноста забележа акцијата на Галеб АД со пад на вредноста од 52,2 отсто.
Денот заврши со вкупен промет од 46.002.013 денари со истргувани 140.097 акции преку 66 трансакции. МБИ10 денес забележа раст на вредноста од 0,19 отсто додека ОМБ остана непроменет.