10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД ја подигна клучната каматна стапка

ФЕД ја подигна клучната каматна стапка

Американските федерални резерви ФЕД ја зголемија клучната каматна стапка за четвртина процентен поен.

Тоа е втор пат оваа година и трет пат од декември ФЕД да се одлучи на ваков чекор откако ниската невработеност, зголемувањето на фабричкото производство и другите економски податоци укажуваат на закрепнување на економијата на САД.

Официјалните претставници на ФЕД гласаа 8:1 каматната стапка да се подигне меѓу 1 и 1,25 проценти.

Во декември американската централна банка наведе дека очекува во 2017 година да има три зголемувања на каматата.

Официјалните лица од ФЕД исто така предвидуваат раст од грубо два проценти во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП