12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилионерите ќе поседуваат 51% од светското богатство во 2021-ва

Милионерите ќе поседуваат 51% од светското богатство во 2021-ва

Милионерите претставуваат околу 1% од населението во светот, но веќе држат удел од рекордни 45% од светското богатство, се вели во извештајот, цитиран од „CNBC“.

Според оценката на аналитичарите кон 2021-ва година најбогатите 1% од населението ќе контролираат 51% од светското богатство.

Според податоците 17,9 милиони домаќинства поседуваат над 1 милион долари.

Најголем е нивниот број во САД – над 7 милиони, а ги следи Кина со 2,1 милиони. Општо земено бројот на милионери во светот расте со 8% во однос на 2016-та година, запишано е во анализата на „Boston Consulting Group“.

Милионерите веќе поседуваат вкупно богатство од 75 илјади милијарди долари, или 45% од светското богатство кое се проценува на 167 илјади милијарди долари, додава уште „CNBC“. Уделот се зголемува во однос на 2016-та година, кога најбогатите луѓе во светот поседуваа 44% од светското богатство.

Кон 2021-ва година милионерите во светот ќе поседуваат 51% од светското богатство, или 115 илјади милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП