18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ откупи околу 30 милијарди денари од домашните банки

НБРМ откупи околу 30 милијарди денари од домашните банки

Околу 30 милијарди денари или околу 480 милиони евра, во благајнички записи откупи Народната банка од банките во земјата на денешната аукција.

Тоа се вишок пари кои банките не ги пласираат на пазарите на капитал како кредити на пример, туку НБРМ ги откупува секој месец за да го заштити курсот на денарот. При присуство на одредена неизвесност и ризици, каматната стапка на благајничките записи беше задржана на непроменето ниво од 3,25%, информираа од НБРМ.

Објавените податоци за БДП за првиот квартал покажуваат стагнација на економската активност. Извозниот сектор и личната потрошувачка и понатаму растат, а дополнително во овој квартал позитивен импулс врз економијата имаа и инвестициите. Во услови на  посилни увозни притисоци, вкупната економска активност стагнира, наспроти очекувањата за раст на економијата во овој период. Пониските остварувања создаваат надолни ризици за проекцијата на БДП од 2,5% за цела 2017 година, пишува во соопштението на Народната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП