8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTime Inc. скратува 300 работни места

Time Inc. скратува 300 работни места

Американската медиумска компанија „Time Inc.“ најави дека ќе укине 300 работни места, пишува „CNN“.

Потегот, кој претседателот и извршен директор Ричард Батиста го опишува како „тежок, но неопходен“, ќе се намали глобалната работна сила на „Time Inc.“ со 4%. Сето ова се случува во момент во кој печатените медиуми се борат со падот во тираж.

„Имаме сеопфатен пристап кон промената на структурата на трошоците за целата компанија“, објаснува Батиста. „Почнувајќи од тоа, ние бараме начини да бидеме поефикасни како компанија и бараме начини за заштеда на трошоци“.

Батиста коментира дека „Time Inc.“, Секогаш се обидува да го минимизира намалувањето на работниците.

Во текст испратен до вработените, Батиста наведува дека отпуштањата се потребни за да се направи компанијата „поефикасна и да се реинвестираат ресурсите во областите со раст, додека насочуваме фирмата кон долгорочниот успех“.

„Како што имам спомнато многу пати „Time Inc.“ има преживеано голема трансформација во индустрија која е во динамична промена“, напиша Батиста.

„Time Inc.“, која ги издава „Time Magazine“, „Sports Illustrated“, „Fortune“ и десетици други печатени медиуми, бараше понуди од потенцијалните купувачи претходно во оваа година, но во април објави дека се откажува од плановите за продажба. Батиста коментира дека „Time Inc.“ се уште нема намера да го продава бизнисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП