9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Штип дел од „планинскиот велосипедски рај“

Општина Штип дел од „планинскиот велосипедски рај“

Општина Штип ќе биде дел од проектот за локална и регионална конкурентност со проект од областа на туризмот кој носи наслов „Планински велосипедски рај“. Одлуката општината да учествува во овој проект е доставена на разгледување и усвојување на комисиите на Советот на Општина Штип.

Како што информираше на денешната прес-конференција портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов, станува збор за конструкција на велосипедски патеки, неколку на Осоговските Планини, во должина од 35 километри, и една патека од Штип до античкиот локалитет Баргала во должина од 6,5 километри.

Носител на проектот е Центарот за развој на Источно-планскиот регион, а партнери се општините Штип и Кочани. Општина Штип ќе учествува во проектот со средства во висина од околу 50.000 евра или 3.9 отсто од вкупната вредност на проектот, која изнесува 1,2 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП