20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна изградбата на затворениот пазар во Охрид

Започна изградбата на затворениот пазар во Охрид

Охрид наскоро ќе добие нова административно-деловна зграда и најсовремен пазар во центарот на градот. Претставници на охридската локална самоуправа предводени од градоначалникот Никола Бакрачески денеска поставија камен-темелник на новиот објект на затворениот градски пазар.

Според Бакрачески, станува збор за исполнување на едно од ветувањата дадени кон граѓаните на чија реализација ѝ претходела комплексна и обемна постапка за обезбедување на потребната документација.

Станува збор за инвестиција од речиси четири милиони евра која ќе се реализира по пат на јавно приватно партнерство на oпштината со АД „Илинден“ од Струга. Во објектот ќе има деловни простории, околу 200 тезги за продавање, како и подземен паркинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП