
Раперот Паф Деди со заработка од 130 милиони долари е прв на листа на најбогати луѓе во светот во забавната индустрија, според магазинот „Форбс“. Со ова тој ја победи својата колешка Бијонсе, која сега е на второто место, со заработка од 105 милиони долари, кои ги заработи на последна турнеја и албумот „Лемонејд“.

