6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреседан: ЕЦБ ги менува доларите за јуани

Преседан: ЕЦБ ги менува доларите за јуани

Европската централна банка за прв пат дел од своите доларски резерви ги замени за кинески јуани (ренминби), во пресрет на растечката глобална важност на кинеската валута.

Како што соопштија, ЕЦБ резерви во долари, вредни 500 милиони евра, ги префрлила во јуани, пренесува агенцијата Ројтерс.

„ЕЦБ продаде мал дел од доларските резерви, кои и понатака сочинуваат најголем дел од портфолиото, поради што вкупниот обем на девизни рзерви на ЕЦБ останува непроменет“, се наведува во соопштението на оваа институција.

Во образложението за својата одлука, ЕЦБ ја наведе употребата на кинескиот јуан, како глобална меѓународна валута, зголемена во изминатите години, откако ММФ на крајот на 2015 година го прифати барањето на Пекинг и нивниот јуан, односно ренминби, да биде вклучен меѓу валутите кои служат како пресметувачки единици во таа меѓународна финансиска институција.

„Инвестицијата на ЕЦБ е одраз за влијанието на Кина како еден од најголемите трговски партнери на еврозоната“, се додава во соопштението.

Во декември минатата година, ЕЦБ поседуваше доларски резерви од 46,8 милијарди долари и резерви во јапонски јени од 1.100 милијарди јени (8,8 милијарди евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП