13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп има план Б: Ако дојде до банкрот...

Трамп има план Б: Ако дојде до банкрот…

Администрацијата на Трамп има резервен план за да спречи банкрот на Владата по основ на финансиските обврски.

План постои дури и ако Конгресот во август го пробие рокот за поддигнување на лимитот на долгот, изјави американскиот министер за финансии Стивен Менучин.

Тој претходно го одреди август како рок, федералната Влада да избегне банкрот, потсетува агенцијата АП.

Менучин нагласи дека сака Конгресот да го зголеми лимитот за задолжување пред законодавците во август да одат на петонедела пауза, и изрази уверување дека Министерството за финансии на САД ќе биде во состојба да ги испочитува финансиските обврски на владата до почетокот на септември.

„Доколку, од било која причина, Конгресот не делува пред август, имаме резервни планови со кои можеме да ја финансисраме Владата. Сакам да разјаснам дека тоа не е временски рок кој би требало да создаде сериозен проблем“, изјави Менучин.

Федералната влада технички го достигна прагот на задолжување во март, но Министерството за финансии ги искористи сметководствените мерки, попознати како „вонредни мерки“, за да избегне банкрот.

Претходно една истражувачка компанија прогнозираше дека и покрај падот на приходите, Владата во Вашингот ќе има доволно средства за плаќање на обврските до октомври или ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП