25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Zara неприкосновен, работа за 10.000 лица

Сопственикот на Zara неприкосновен, работа за 10.000 лица

Шпанската модна куќа Inditex, сопственик на брендот Zara, објави дека забележала силен раст на добивката во три месеци заклучно со април.

Тие соопштија и дека отвориле повеќе од 10.000 нови работни места во една година.

Inditex од февруари до крајот на април, во првиот квартал од нејзината финансиска година, остварила добивка од 654 милиони евра (734 милиони долари), што е пораст од 18 проценти на годишно ниво, и повеќе од двојно над профитот кој во првиот квартал го забележал неговиот директен ривал, шведскиот H&M, пренесува агенцијата Франс прес.

Добивката на шпанската компанија исто така ги надмина и очекувањата на аналитичарите од 540 милиони евра.

Продажбата во првиот квартал пораснала за 14 проценти.

Освен Zara, во сопственост на Inditex се и брендовите „Massimo Dutti“, „Pull and Bear“, „Bershka“ „Zara Home“… Компанијата има 7.400 продажни места во 93 земји.

Zara покрена онлајн продажба во Сингапур, Малезија, Тајланд и Виетнам на почетокот на оvаа година, а на есен ќе започне со работа и во Индија.

Во соопштението на компанијата се наведува дека во изминатите 12 месеци отворила 10.668 нови работни места, вклучувајќи повеќе од 2.200 во Шпанија, пренеусва француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП