Довербата меѓу германските инвеститори во јуни опаднала, покажаа денес објавените податоци од истражувањето.
Индексот на економските очекувања меѓу водечките финансиски играчи, според податоците на институтот ZEW падна за 2,0 поени на 18,6 поени во јуни, што ги разочара аналитичарите кои очекуваа раст пренесува агенцијата Франс прес.
Падот на довербата следеше и покрај зајакнувањето на економското закрепнување на еврозоната, која во првиот овогодишен квартал оствари рекорден раст од 0,5 проценти.
Во анкетата на ZEW учествуваа 210 инвестициони аналитичари во периодот од 29 мај до 12 јуни, наведува агенцијата АП.