22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК покрена прекршочни постапки против Унгарија, Полска и Чешка

ЕК покрена прекршочни постапки против Унгарија, Полска и Чешка

Европската комисија одлучи да покрене прекршочни постапки против Унгарија, Полска и Чешка поради неисполнување на обврските во прифаќање на бегалците.

Европскиот комесар задолжен за миграција, Димитрис Аврамопулос, изјави дека ЕК се одлучила на тој чекор откако една година повикувала на солидарност и исполнување на законските обврски за релоцирање на бегалците кои се наоѓаат во прифатни центри во Грција и Италија.

„Овие три земји ништо не направија по тој повод. Унгарија не се ни обврза да преземе бегалци, ниту пак некого прифати. Полска се обврза, но не прифати никого, а Чешка ништо не направи во последните гоодина дена“ порача комесарот Аврамопулос во Стразбур.

Од јануари до денес преместени се над 10.300 бегалци од камповите во Грција и Италија. Меѓу земјите кои прифатија најголем број бегалци во ЕУ, се Германија, Франција и Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП