4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Се уште отворена вратата за Велика Британија во ЕУ

Макрон: Се уште отворена вратата за Велика Британија во ЕУ

Францускиот претседател Емануел Mакрон изјави денеска по средбата со британскиот премиер Тереза Меј дека вратата за Велика Британија во Европската унија се уште е отворена.

“Се разбира, вратата е секогаш отворена, додека преговорите за Брегзит не завршат”, рече Макрон на заедничката прес-конференција во Париз.

Со слична изјава излезе и германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој рече дека Велика Британија ќе биде добродојдена во ЕУ ако реши дека не сака да излезе од блокот. Но, додаде тој, британската влада ќе реши за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП