Поранешниот претседател на Чешка Вацлав Клаус изјави дека дошло време Чесите да почнат да се подготвуваат за излез на земјата од Европската унија.
Вацлав Клаус: Време е Чешка да ја напушти ЕУ
Клаус тоа го изјави по повод одлуката на Европската комисија да ја тужи Полска, Унгарија и Чешка бидејќи одбиваат да примаат бегалци и оцени дека тоа јасно покажува какви намери има Европа со Чешка.
„Принципиелно и одлучно протестираме против одлуката на ЕУ да почне постапка поради таканареченото непримање мигранти на основа на квота која ја наметна Брисел. Протестираме поради настојувањата да не казнат и натераат да бидеме послушни“ рече Клаус.
Единствениот спас за неговата земја, Клаус го гледа во “Чегзит“, кои Чесите не го сакаат. И покрај тоа што се најголеми евроскептици во регионот, сепак дури 60 отсто од Чесите одбиваат Чешка да излезе од ЕУ.
