3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРеномираниот моден бренд D’s Damat им посака успех на младите фудбалери

Реномираниот моден бренд D’s Damat им посака успех на младите фудбалери

Елегантни, млади и полетни, облечени во одело од најновата колекција на реномираниот моден бренд D’s Damat, младите фудбалски репрезентативци на Македонија заминаа за Полска. На средба со нив г. Атила менаџер на D’s Damat за Македонија им посака многу успех, успешни подготовки следниве денови и секако добри резултати на радост на целата нација.

D’s Damat е официјален моден партнер на Фудбалската Федерација на Македонија, моден бренд кој се грижи и за изгледот на А репрезентацијата. Спонзор на спортски клубови од различни земји: ЦСКА Москва, Парма (Италија), Динамо Букурешт, Трабзон спорт, Карабак, Алавес де Портиво (Шпанија). D’s Damat е најбрзо растечката модна индустрија во Турција и светот, со отворени 220 салони во Турција и 160 салони низ светот. Прв турски моден бренд која успеал да се пробие на конкурентниот италијански пазар, кој има 400 м2 салон во Сиднеј-Австралија, два салони во Барселона, а наскоро и во Мадрид, Шпанија.

Во светот на гардеробата D’s Damat претставува моден стандард за мажи кои обрнуваат внимание на својот изглед и имиџ. Колекциите на D’s Damat се главен избор за мажи од различни области, за бизнисмени, политичари уметници, за возрасни и млади, облека за разни прилики, како деловни состаноци, свечени приеми, патувања или свадби. Колекциите се резултат на креативната работа на тим од над 20 млади дизајнери, предводени од дизајнери од Италија.

D’s Damat има најдобар сооднос квалитет-цена на секоја своја колекција и денес е меѓу главните избори за македонските клиенти за церемонијална, бизнис или неформална облека. D’s Damat креира облека според потребите на своите клиенти имајќи ги во предвид најновите трендови, внимавајќи на комфорот кој треба да го обезбеди облеката.

Сите колекции ги карактеризира модерен дизајн, перфектна изработка од материјали со одличен квалитет претежно донесени од Италија, со што овој моден бренд е високо конкурентен со најпрестижните интернационални брендови за машка облека.

Производите на D’s Damat може да се најдат во салонот во Скопје Сити Мол, и во продавницата Атила во ГТЦ втори спрат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП