4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа повеќе плоштади „Скопски летен ритам“

На повеќе плоштади „Скопски летен ритам“

Во рамките на манифестацијата Улични музичари и артисти, и годинава се реализира проектот „Скопски летен ритам“, на централoто градско подрачје, односно на плоштадите „Мајка Тереза“ пред објектот на Македонска опера и балет, на плоштад „ВМРО“, плоштад „Македонија“ и на плоштадот „Богородица“.

Овој проект е под покровителство на Град Скопје, а во организација и реализација на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“ – Скопје.

Проектот „Скопски летен ритам“ се одржува на повеќе плоштади на централното градско подрачје и има за цел културно да ги заживее плоштадите преку урбаната култура, односно да се понуди културна содржина што е достојна на една метропола. Програмата е разновидна и богата и има за цел да генерира нова и стара публика преку квалитетна културно-уметничка програма што е наменета за граѓаните и туристите, коишто во летниов период престојуваат во нашиот град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП