19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина бара државни имоти кои ќе бидат вклучени во мегаприватизационен фонд

Атина бара државни имоти кои ќе бидат вклучени во мегаприватизационен фонд

Грчката Влада бара државни имоти кои ќе бидат вклучени во мегаприватизационен фонд, соопшти грчкото издание „Катимерини“.

Министерот за финансии, Евклид Цакалотос потпиша наредба за создавање на работна група која ќе ги идентификува државните имоти кои до овој момент не се вклучени во регистерот на даночните служби.

Приватизацијата на државниот имот е дел од барањата на доверителите на Грција. Процесот сепак оди бавно поради јавното незадоволство во позадина на барањата на институциите, за отпишување на заемите на земјата.

Кредиторите бараат приватизацискиот фонд да има целосна контрола врз државните средства кои ќе бидат продавани, и да нема друг орган кој ќе дава мислење за приватизацијата, како на пример Министерството за одбрана. Според изданието тоа ја одразува недовербата на институциите кон Атина.

Мегаприватизациониот фонд беше договорен во текот на летото на 2015-та година и е дел од обврските кои Атина треба да ги исполни кон своите доверители, забележани во третата спасувачка програма. Целта на институциите е да се даде поттик на дезинвестирањето во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП