4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНесогласувања во трговијата меѓу ЕУ и Кина

Несогласувања во трговијата меѓу ЕУ и Кина

euchina1

Пекинг ја повика Европската унија да не се потпира на протекционизам, откако Брисел предложи анти-дампинг за увозот на кинеските соларни панели.

Европската комисија вчера предложи воведување на строги анти-дампинг тарифи од околу 47 проценти на увозот на кинеските соларни панели, по жалбите на европските производители на панели, поради евтиниот увоз од Кина, пренесува Франс Прес.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг потсети дека Кина и ЕУ меѓусебно се најважни трговски партнери и изрази надеж дека европската страна ќе биде внимателна во примената на протекционистичките мерки.

„Се надеваме дека двете страни ќе го задржат ставот за конструктивна соработка и дијалог и со помош на консултации ќе ги решаваат несогласувањата, бидејќи тоа е во интерес на Пекинг и Брисел“, наведе портпаролот.

Официјалната кинеска новинска агенција „Sinhua“ наведува дека потегот на Брисел би може да ги загрози европските економски интереси и да доведе до трговска војна.

„Протекционизмот на ЕУ испраќа погрешна порака во деловниот свет, особено во време кога Европа сеуште се бори со бројни проблеми. Со ваквиот став може да се загрози трговската врска меѓу Кина и ЕУ, бидејќи Пекинг ваквиот став нема да го прифати мирно и мала е веројатноста дека нема да врати со иста мера“, објавува „Sinhua“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП