5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАSociete Generale: Програмата за стимулации на ЕЦБ ќе продолжи и во 2019-та

Societe Generale: Програмата за стимулации на ЕЦБ ќе продолжи и во 2019-та

Европската централна банка (ЕЦБ) може и да продолжи со програмата за купување на обврзници и во 2019-та година, иако на последната седница изјави дека ризиците пред економијата во еврозоната се урамнотежени. Тоа го предвидува француската банка „Societe Generale“, цитирана од „CNBC“.

„Централната банка постави претпазлив тон во својата анализа за перспективите во Европа на состанокот во четвртокот. Веројатноста сепак да објави продолжување на програмата за квантитативни олеснувања во третиот квартал оваа година станува сè поголема“, пишува во белешката на „Societe Generale“.

Според експертите, ЕЦБ ќе објави продолжување на програмата за шест месеци во септември. Ова ќе се случи со стапка од 40 милијарди евра во јануaри и секое тримесечје таа ќе се забавува со 10 милијарди евра, додека програмата ќе заврши на крајот на првиот квартал на 2019-та година.

Според актуелниот план на регулаторот, програмата за стимулации треба да трае до крајот на оваа година. Од април темпото беше намалено од 80 до 60 милијарди евра месечно.

Во четвртокот минатата недела Марио Драги изјави дека банката може да продолжи и да ја зголеми програмата за стимулации, ако е потребно. Регулаторот ги остава каматните стапки без промена, но рече дека не очекува повеќе намалувања.

„Генерално претпазливиот тон и слабите прогнози за инфлацијата укажуваат дека сме далеку од дебата за нормализирање на монетарната политика. Затоа доаѓаме до заклучок дека следното намалување во месечната стапка на купување на средства ќе дојде дури во почетокот на следната година“, пишува во соопштението на француската банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП