15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМурад Ал Катиб - Светски претприемач за 2017 година

Мурад Ал Катиб – Светски претприемач за 2017 година

Мурад Ал Катиб, претседател и извршен директор на компанијата AGT Food&Ingredients Inc. е прогласен за EY Светски претприемач за 2017 година.

Оваа година во трката за најпрестижното признание во претприемништвото се најдоа 59 национални победници и носители на признанието EY Претприемач на годината од 49 земји, соопшти меѓународната ревизорско-консултантска компанија EY (Ernst&Young).

Мурад Ал Катиб, EY Светскиот претприемач за 2017 година ја основал AGT Food&Ingredients во 2003 година, а компанијата стана светски лидер и најголемиот вертикално интегриран ланец за снабдување за леќа, наут и грашок.

Компанијата е листирана на берзата во 2007 година и има годишни приходи од 1,4 млрд американски долари и повеќе од 2.000 вработени на пет континенти.

Компанијата AGT Food&Ingredients има контринуиран и одржлив раст од околу 100 милиони долари во текот на секоја од последните пет години. Компанијата на Мурад извезува 23 проценти од вкупното светско количество на леќа во повеќе од 120 земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП