13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе повеќе Британци бараат германско државјанство

Се повеќе Британци бараат германско државјанство

Бројот на Британци кои станале германски државјани пораснал за 361 отсто во 2016 година, објави Државната канцеларија за статистика, што покажува дека многумина стравуваат дека Брегзит, ќе им го отежне или оневозможи животот и работата во Европската Унија, пренесува агенцијата Ројтерс.

Вкупно 2865 Британци минатата година добиле германско државјанство, а се очекува оваа година таа бројка да биде во пораст.

„Очигледна е врската со Брегзит“, објави Државната канцеларија за статистика.

Дел од Британците стравуваат од „тврд“ Брегзит, кој земјата ќе ја исклучи од единствениот пазар и дека ќе им го ограничи движењето.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ во 2019 година.

Минатата година германско државјанство добиле 110.400 странци, што е за 2,9 отсто повеќе од претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП