19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Лесно ќе се одбраниме, а и не губиме само ние“

„Лесно ќе се одбраниме, а и не губиме само ние“

Катар може лесно да ја одбрани сопствената економија и валутата од санкциите на другите арапски држави, изјави катарскиот министер за финансии Али Шериф ал-Емади.

Земјите кои воведоа санкции за Катар исто така губат пари поради штетата која ја трпи бизнисот во тој регион, истакнува катарскиот министер.

„Голем број на луѓе сметаат дека ние сме единствените кои губиме од ова. Ако ние загубиме долар, и тие губат долар исто така“, изјави тој.

Енергетскиот сектор и економијата на Катар, како што оцени, работат нормално и не се појавиле сериозни последици во снабдувањето со храна и други производи.

„Катар може да увезува од Турција, од Далечниот исток или од Европа, а на кризата ќе одгвори со дополнителна диверзификација на својата економија“, вели Емади.

Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го дека ги поддржува регионалните терористички групи.

Укинувајќи го воздушниот, поморскиот и патниот сообраќај со Катар, овие држави, како што претходно беше пренесено, им наредија на државјаните на Катар во наредните 14 дена да ја напуштат нивната територија.

Санкциите, како што наведува Ројтерс, го пореметиле катарскиот увоз и предизвикале многу странски банки да го намалат обемот на работење со Катар.

Катарскиот ријал особено се најде на удар на санкциите, но Емади истакнува дека падот на валутата од десет проценти, не е причина за загриженост.

Прашан дали Катар мора да собере средства со продажба на својот удел во големите западни компании кои се во сопственост на државниот катарски инвестициски фонд, Емади изјави дека тоа во моментот не е планирано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП