29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради асфалтирање попладне времен режим на сообраќај на патот Маврово-Дебар

Поради асфалтирање попладне времен режим на сообраќај на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива без забрани и пo суви коловози. Исклучок е патниот правец Р1202 Маврово – Дебар на делот од Мелнички мост до с. Долно Косоврасти, каде поради асфалтирање денес ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци од 13:00 до 17:00 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП