6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија привремено стави крај на Шенгенскиот договор за слободно движење

Германија привремено стави крај на Шенгенскиот договор за слободно движење

Германија привремено стави крај на Шенгенскиот договор за слободно движење и тоа ќе важи до 11 јули. Пасошите и личните карти ќе се проверуваат при влегување и излегување на сите граници. Ова се наведува во декретот на министерот за внатрешни работи, Томас де Мезериер.

Причината е претстојната средба на Г20, која што ќе се одржи од 7 до 8 јули во земјата. Освен тоа Де Мезиер нареди да се вршат проверки и на патиштата, аеродромите и на местата за рекреација во целата земја.

Ова важи за сите 16 сојузни покраини. Секоја од нив, во принцип ги почитува сопствените закони.

“Не можеме да имаме две нивоа на безбедност во државата”, објавија од Министерството.

Де Мезиер, исто така, објави дека полицијата треба да добие пристап и извештај до доставените пратки, кои се вршат од курирските фирми.

Покрај тоа, тој изјави дека крајно време е државата да има пристап и до мрежи за комуникација како “WhatsApp”, за да ги следи сомнителните лица.

“Без крајни мерки нема како да се бориме против тероризмот”, изјави Де Мезиер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП