28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на романот „Се гледаме наскоро Е.“ од Драгана Евтимова и Владимир...

Промоција на романот „Се гледаме наскоро Е.“ од Драгана Евтимова и Владимир Лукаш

Во делото, кое е составено од писма напишани од измислени ликови, се испреплетуваат приказни кои на мигови наликуваат на надреалистички дела, а на мигови се ултрареалистични текстови за современото секојдневие.

Во кафулето „Ла кања“ во Старата скопска чаршија, в среда (14 јуни), од 20.59 часот ќе биде промовиран епистоларниот роман „Се гледаме наскоро Е.“ од Драгана Евтимова и Владимир Лукаш. За романот ќе зборуваат Светлана Камџијаш и Александар Прокопиев.

Во делото, кое е составено од писма напишани од измислени ликови, се испреплетуваат приказни кои на мигови наликуваат на надреалистички дела, а на мигови се ултрареалистични текстови за современото секојдневие.

„Епистоларните романи не се новитет ниту во светската ниту во македонската литература. Почнувајќи од 15 век до денес, речиси секогаш и секаде се присутни, во сечија литература. Ова епистоларно дело ја продолжува традицијата и во Македонија започната со романот ‘Исток-запад’ од Јадранка Владова и Небојша Кнежевиќ пред петнаесетина години. Новитетот е во темите што ќе се појават во овој роман и начинот на кој ќе се направи тоа“, се вели за делото.

Во освртот за нивните приказни во романот се вели дека на мигови наликуваат на надреалистичниот пристап на Данил Хармс.

„Драгана Евтимова и Владимир Лукаш преку нивните писмописци и раскажувачки гласови, Еписторија и Еписторие, соодветно успеваат во епистоларниот роман. Освен реалистичната постапка и секојдневието, тие вметнуваат и нота на надреализам, микрораскази од руски тип, налик на оние на Хармс, извадоци од весници и списанија, книжевни критики, па сè до делови кои личат како репортажи од ‘Нешенел џиографик’“, се вели во освртот кон делото.

Евтимова на нашата книжевна сцена е присутна како автор на кратки раскази и поезија, а преведува и од словенечки јазик. Лукаш, пак, е музичар и визуелен уметник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП