2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКХВ именуваше директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

КХВ именуваше директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) на 115. седница, која се одржа денеска, а со која претседаваше претседателот на КХВ, м-р Елизабета Чингаровска, даде согласност за именување на неколку директори на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

КХВ ги именуваше Лазе Камчев и Марјан Николовски и во наредните шест години да бидат извршни директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови „КД фондови” АД Скопје.

Коста Костадиновски да продолжи да ја врши функцијата главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови „Илирика фунд менаџмент” АД Скопје, а Јован Дојчиновски, извршен директор на истото друштво. И двајцата се со мандат од две години.

Јосиф Костадиновски доби согласност до крајот на 2017 година да раководи со Одделот за работа со хартии од вредност на „ТТК” Банка АД Скопје.

Исто така, КХВ издаде едно уверение за инвестициско советување, а обнови една лиценца за работење на инвестициски советник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП