23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредлог марки за инклузија на млади жени од ранливи категории

Предлог марки за инклузија на млади жени од ранливи категории

Утре, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, во 11 часот ќе се одржи национална конференција за промоција на проектот „Македонска активна платформа на социјална инклузија – МАПСИ“.

Идејата на ова конференција е да се поттикне социјалното вклучување на младите жени и подобрување на нивниот статус во општеството на локално ниво. Креирани се 18 активни платформи кои вклучуваат предлог активности и конкретни мерки за подобрување на статусот на ранливите категории граѓани на локално ниво.

На националната конференција ќе бидат претставени предлог стратегии за социјалната инклузија на млади жени од 18 општини од земјава. Организатори на оваа конференција се Институтот на економски стратегии и меѓународни односи –Охрид, како имплементатор заедно со партнерската организација Македонското женско лоби од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП