19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ поевтинуваат горивата

Од полноќ поевтинуваат горивата

Падот на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија се должи на големиот пад на цените на нафтата на светските берзи.

Од последната корекција на цената од страна на Регулаторната комисија за енергетика, цената на барел нафта се спушти за околу 5 долари.

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 62,5 денари по литар а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 64,5 денари по литар.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе изнесува 48 денари за литар.

За 2,5 денари поевтинува и маслото за домаќинство кое ќе се продава по 36,5 денари.

Новата цена на горивата ќе почне да важи од полноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП