29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon одобрил милијарда долари кредити

Amazon одобрил милијарда долари кредити

Интернет трговецот „Amazon“ значително го забрза кредитирањето на малите трговци, кои продаваат стока на неговата платформа.

Според зборовите на ПијушаНахара, потпретседател на „Amazon“, во последната година компанијата одобрила мали заеми вредни преку милијарда долари.

За споредба, меѓу 2011 и 2015 година се одобрени вкупно 1,5 милијарди долари. Износот на кредити се движи од 1.000 до 750.000 долари. Трговците тврдат дека каматните стапки ќе се движат меѓу 6 и 14 проценти годишно, пренесува Ројтерс.

Малите трговци ги користат парите за да ги зголемат залихите или за да понудат поконкурентна цена. Освен заработката на камати, кредитирањето на малите трговци уште од неколку причини е лукративна дејност за „Amazon“. Имено, од секоја трансакција команијата зема процент, а трговците и плаќаат за да би се нашле при врвот на резултатите на пребарувањето.

Меѓутоа, програмата за кредитирање се заснова само на повици, а за сега е отворен исклучиво за американските, британските и јапонските трговци.

Од „Amazon“ најавија дека наскоро кредитирање ќе понудат и на другите пазари, како Канада, Франција и Кина. Лесното кредитирање на трговците може да создаде дополнителен финансиски ризик за компанијата, од „Amazon“ тврдат дека се користат рецентни деловни податоци за проценка, кој трговец е погоден за кредитирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП