20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои земји придонесуваат најмногу за глобалниот економски раст?

График на денот: Кои земји придонесуваат најмногу за глобалниот економски раст?

Според прогнозите на Светска банка глобалната економија се очекува да постигне просечна реален стапка на раст од 2,8% меѓу 2017-та и 2019-та година, коментира „VisualCapitalist“.

Каде ќе се случи овој раст? Дали во големите земји кои се шират стабилно, или во помалите пазари во развој, каде што растот од 8% не е нешто невообичаено?

Денешниот графика ги разгледува одделните земји меѓу 2017-та и 2019-та година врз основа на индивидуалните прогнози за растот од Светска банка.

Иако растот во Кина благо се забавува, Светска банка сепак проценува дека економијата ќе се прошири со 6,5% во оваа година и со 6,3% во 2018-та и 2019-та година. Околу 35,2% од растот на глобалниот бруто домашниот производ (БДП) ќе дојде од Кина во текот на овој период, што ќе го зголеми економското производство на земјата со 2,3 илјади милијарди долари.

Иако се очекува САД, исто така да придонесе значително кон глобалниот раст, Светска банка изразува сериозно предупредување за изгледите пред земјата во следните години.

Институцијата вели дека намалувањето на даноците, предложено од администрацијата на Трамп, теоретски ќе го зајакне американскиот и глобалниот раст, ако се примени. Во предвид хаосот во сегашната политичка средина во САД сепак намалувањето на даноците засега се одложува, а некои аналитичари се повеќе сметаат дека тоа воопшто нема да се случи.

И покрај сето земјата е на второ место по придонес кон глобалниот раст, како што се очекува од 2017-та и 2019-та година на САД да се должи 17,9% од него.

Надвор вообичаените осомничени – Кина, Индија, еврозоната и САД, интересно е дека Индонезија е една од земјите која ќе го стимулира најмногу светскиот економски раст.

Всушност четвртата по големина според населението земја во светот ќе придонесе со 2,5% во растот на глобалниот БДП во наведениот период, додавајќи уште 160 милијарди долари кон својот БДП за 941 милијарди долари. Светска банка прогнозира економски раст на земјата од 5,3% во оваа година и 5,5% во следните две години.

Другите земји, кои ќе придонесат со барем 1% за глобалниот раст? Меѓу нив се Јужна Кореја (2,0%), Австралија (1,8%), Канада (1,7%), Велика Британија (1,6%), Јапонија (1,5%), Бразил (1,2%), Турција (1,2%), Мексико (1,2%), Русија (1,0%) и Иран (1,0%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП