ЕКОНОМИЈА

Албанците ги чистат плажите, во најава голем бум

Граничната полиција на Албанија наведува дека во мај оваа година во оваа земја влегле 360.000 странци, а од тие 131.993 туристи.

Според мислењето на експертите, ова е само почеток на летната туристичка сезона, а очекувањата се големи во поглед на доаѓањето на странски туристи.

Бројките се сметаат за позитивен сигнал за туризмот, но и за хотелиерството, угостителството и пратечките услуги.

За тоа време, во Шенѓин, Драч и на јужната обала се до Саранда, се повеќе внимание се посветува на чистењето и уредувањето на плажите, пренесува агенцијата.