24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако реално изгледа работењето од дома?

Како реално изгледа работењето од дома?

workfromhome1

Оние кои секојдневно мораат да станат рано и да одат на работа, сонуваат за работење од дома, бидејќи така ќе можат да поспијат подолго благодарение на тоа што не мора да губат време во патување. Сепак, работењето од дома, може да биде голем недостаток, а не предност во однос на вашата работа и вашето секојдневие. Едно е сигурно, работењето од дома бара огромна дисциплина, а вашиот удобен дом, многу пати ќе ви го одвлече вниманието од работните задачи.

Едно истражување открива што сe луѓето прават, додека паралелно ги извршуваат своите професионални должности. Еве што открива необичното истражување, спроведено од страна на британската интернет компанија „Ecigarettedirect“.

Еве како изгледа работењето од дома:

-Повеќе од половина луѓе или 64% работат во своите пижами.

-Околу 20% од анкетираните одговориле дека работеле голи барем еднаш во изминатата година. Некои дури признале и дека одговараат на телефонските повици од клиенти додека се на WC шолја.

-Околу 80% од нив, додека работат гледаат и телевизија, а 37% од нив признаваат дека тоа малку ги деконцентрира.

-Околу 70% попатно ги завршуваат и куќните обврски.

-4 од 10 луѓе вежбаат фитнес или друга физичка активност во текот на работното време.

-Една третина од луѓето одат на шопинг по облека или храна, додека се практично „на работа“.

-Околу 15% велат дека најдобрата предност на работењето од дома, е тоа што можат колку сакаат да пушат цигари во својата „канцеларија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП