20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФајненшел Тајмс: За да влезе во НАТО, Македонија размислува да го промени...

Фајненшел Тајмс: За да влезе во НАТО, Македонија размислува да го промени името

Македонија размислува за можноста да го смени името, во обид да го одблокира грчкото противење за членството во НАТО, изјавил според „Фајненшел Тајмс“ министерот Никола Димитров во интервју за весникот.

Членство во Алијансата ќе помогне да се смири поширокиот Балкански регион по неколку месеци политички тензии кои повремено прераснуваа во крвопролевање, ќе им каже, според весникот, Никола Димитров на високите претставници на НАТО денес во Брисел.

Димитров најавил дека со грчкиот министер Никос Коѕиас ќе се сретне в среда.

“Ќе побарам од Грција да размисли каков вид на сосед сака – дали сакаат стабилна, пријателска земја која нуди надеж за демократија и правда”, изјавил тој во интервјуто.

„Ако сме добри соседи, тогаш се надевам дека политичките сили во Грција ќе ја искористат ова историска шанса,” порачал Димитров.

Владата на СИРИЗА  ја поздрави новата влада во Скопје како покооперативен партнер од претходната, која беше силно националистичка, а официјални лица излегоа со претпазливи забелешки во однос на изјавата на Димитров, пишува весникот.

“Постојат основи за повеќе оптимизам и ние се надеваме дека ќе има напредок на средбата со нашиот министер за надворешни работи во Атина “, изјави еден грчки функционер.Но, тој ја отфрли можноста за одредување временски распоред за постигнување на компромис:

“Ова прашање е на маса повеќе од две децении, и би било избрзано да се прават било какви предвидувања,” оцени тој.

Весникот во текстот како можна варијантна го споменува името Горна Македонија, нагласувајќи дека според Димитров, договореното име за компромис ќе биде ставено на референдум во Македонија, а претходно за него ќе се бара консензус од сите политички партии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП