5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗначително поскапување на цигарите, енергетските и безалкохолните пијалоци во Саудијска Арабија

Значително поскапување на цигарите, енергетските и безалкохолните пијалоци во Саудијска Арабија

Во Саудијска Арабија, цената на цигарите, на енергетските и на безалкохолните пијалоци се зголемија за 50 отсто, бидејќи е воведен данок на широка потрошувачка. Оваа мерка е воведена поради падот на приходите од нафта.

Саудијците до сега не мораа да плаќаат ваков вид на данок, но цената на нафтата од 2014 година, па наваму постојано варира и тоа ги натера властите да бараат други извори на приходи.

Данокот е воведен во рамките на договорот на шестте членки на Советот за соработка на Заливот, а мерката е поддржана и од страна на ММФ.

Саудијска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Катар и Кувајт, се договорија да воведат ДДВ од 5 отсто на производите од широка потрошувачка. Мерката ќе почне да се применува од 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП