4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Конзум“ дели откази и затвора неколку продавници

„Конзум“ дели откази и затвора неколку продавници

Вонредниот повереник на хрватската влада за „Агрокор„ Анто Рамљак најави дека извесен број на вработени од познатиот синџир на маркети „Конзум“, кој е во сопственост на компанијата ќе добијат откази односно непрофитните продавници ќе бидат затворени.

Тој во интервјуто за регионалната телевизија N1 рече дека постоечките плати нема да се намалуваат.

„Јас би сакал да има простор платите во Конзум  да бидат покачени, но не и намалени„ рече Рамљак.

Тој навел дека во првите пет месеци прометот во „Конзум„ е многу помал од очекуваниот износ.

„До крајот на годината мојот план е приходите во Конзум да бидат сведени на нула„ посочи Рамљак.

Тој додал дека следната недела се очекува првата транша од 100 милиони евра, кои се добиени на име на кредит. Парите ќе бидат проследени во системот на компанијата, односно во „Конзум„.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП