2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Инфлацијата и натаму е прениска

Драги: Инфлацијата и натаму е прениска

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги изјави денеска дека инфлацијата не покажува знаци на раст и дека ризиците за закрепнување на европската економија се намалени.

ЕЦБ ја намали прогнозата за инфлација за оваа година од 1,7 на 1,5 отсто, а за следната година од 1,6 на 1,3 проценти.

Соопштението за ниска инфлација ја поддржа одлуката на Европската централна банка за продолжување на програмата за стимулација на економијата и да не се зголемуваат каматните стапки.

Купувањето на обврзници во вредност од 60 милијарди евра годишно, исто така, ќе продолжи барем до крајот на 2017 година.

Целта на купувањето е да се зголеми инфлацијата на целната вредност од само под 2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП