среда, јануари 19, 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар: Државјаните на земјите кои ги прекинаа односите можат да останат

Катар: Државјаните на земјите кои ги прекинаа односите можат да останат

На државјаните на земјите кои ги прекинаа односите со Катар, ќе им биде дозволено да останат во таа држава, јавуваат странските медиуми.

„Доха нема да преземе никакви мерки против оние граѓани кои потекнуваат од државите кои ги прекинаа или намалија дипломатските односи со Катар“, се вели во соопштението објавено во странските медиуми.

Оваа одлука ќе влијае на повеќе од 11.000 лица кои потекнуваат од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, а живеат во Катар.

Овие држави заедно со Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи дека оваа држава ги поддржува регионалните терористички групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП