4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИL'Oreal води преговори за продажба на Body Shop

L’Oreal води преговори за продажба на Body Shop

Француската козметичка група „L’Oreal“ е започна „ексклузивни“ преговори со бразилската компанија за шминки „Natura Cosmeticos“ за продажба на бизнисот „Body Shop“, пријавени „ВВС“.

„L’Oreal“ изјави дека „Natura“ упатила „тврда“ понуда која ја проценува компанијата на 1 милијарда евра.

Претходно оваа година „L’Oreal“ објави дека ја ревидира својата стратегија за синџирот кој го купи за 652 милиони фунти во 2006-та година.

„Body Shop“ е основана од Анита Родик, ветувајќи дека ќе нуди само етички производи за убавина.

Во последните години, меѓутоа фирмата страда од засилена конкуренција од нови компании на пазарот, кои исто така нудат производи изработени од природни состојки и без тестови врз животни.

Претседателот и извршен директор на „L’Oreal“, Жан-Пол Агон рече: „Многу сум среќен што можам да ја објавам „Natura“ како потенцијален нов „дом“ на „Body Shop““.

Тоа е најдобар нов сопственик, кој може да се замисли и кој ќе го оформува брендот околу природата и етиката, додаде тој.

Претседателот и извршен директор на „Body Shop“, Џереми Шуортц рече дека етичките вредности и стручноста на „Natura“ ја прават „совршен нов сопственик“ на „Body Shop“ што ќе помогне брендот да се подмлади.

Групата за приватни капитални инвестиции „CVC“ и кинеската „Fosun“ исто упатиле понуди.

Минатата година продажбата на „Body Shop“ се намалија за 4,8%, а профитна маргина – до 3,7%, што е далеку под двоцифрената маргина, постигната од другите брендови на „L’Oreal“.

„Natura Cosmeticos“ е лидер на бразилскиот пазар за убавина и оперира во седум јужноамерикански земји и Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП